Само еден куршум бил кобен за 5 џихадисти: Британски снајперист извел неверојатна ликвидација...

Точка

25/01/2021

10:45

3.552

Големина на фонт

а а а

Неименуван снајперист на британски „САС“ пукал во елек со експлозив на бомбаш самоубиец во Сирија, што резултирало со експлозија во која загинале уште четворица џихадисти, вклучувајќи и врховен командант во Сирија.

Врвен британски снајперист убил петмина припадници на Исламската држава со само еден куршум на оддалеченост од околу 800 метри. Имено, неидентификуваниот снајперист на „САС“ пукал во градите, односно во елекот со експлозив кој џихадистот го имал на себе додека зборувал пред камера.

Истиот снајперист во ноември минатата година убил врховен командант на Исламската држава, по што колегите му подариле бејзбол капа во знак на прослава на неговиот успех.

Британските сили соработувале со курдските единици со цел да ја пронајдат единицата на ИСИС одговорна за напади на околните села.

Снајперистот ја користел пушката “Barett” со .50 калибар, односно најмоќната снајперска пушка во арсеналот на „САС“. Оваа снајперска пушка често се користи за напад на автомобили и камиони, но и на оклопни возила и дури авиони.


Тимот на „САС“ неколку дена надгледувал сомнителна „фабрика на бомби“ на Исламската држава. Во еден момент, еден од џихадистите го снимал бомбашот, па снајперистот веднаш побарал дозвола да делува.

„Планот во таа фаза беше да се собори бомбашот самоубиец со првиот куршум, а потоа и лидерот за да може да се идентификува. Но, имавме среќа. Целта беше на максималниот домет. Снајперистот се прилагоди на ветрот и нежно го повлече чкрапалото. Чекаше метата да падне, но наместо тоа, дојде до експлозија“, изјави неименуван извор за „Дејли Стар“.

„Кога прашината падна, лежеа четири тела, а имаше делови на сите страни. Тогаш снајперистот сфати дека куршумот го активирал експлозивниот елек. Кога нишаните бомбаш самоубиец, обично се обидувате да го погодите во глава. Но, снајперистот беше на крајната граница од дометот, па нишанел во средината на телото. Терористите ужасно се плашат од снајперите. Тие не можат ниту да не видат ниту да не слушнат, а знаат дека сме во близина дури кога веќе ќе почнат да паѓаат“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг