Германската полиција прекина миса во Есен: Уапсени над 100 луѓе...

Точка

23/01/2021

14:30

779

Големина на фонт

а а а

Германската полиција прекинала црковна миса во западниот град Есен во четвртокот навечер и привела околу 100 луѓе поради непочитување на епидемиолошките мерки.

„Едно лице се јавило во полиција и пријавило дека поголем број на луѓе се собрале во црквата“, соопштија од полицијата од каде што открија дека голем број на припадници на полицијата пристигнале на лице место и затекнале 88 возрасни и десетина деца.

„Никој од присутните не ја носеше пропишаната заштита за нос и уста, ниту се држеше до пропишаното растојание. Не воделе ниту попис на присутните кој подоцна можел да послужи за следење на контактите“, соопштија од полицијата.


Од полицијата во Есен соопштија дека мисата била прекината, а сите присутни биле идентификувани. Против сите учесници на мисата ќе бидат поднесени пријави за кои се предвидени парични казни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг