Адел доби решение за разводот - пејачката и нејзиниот поранешен сопруг делат имот во вредност од 190 милиони долари!

Точка

23/01/2021

12:50

2.411

Големина на фонт

а а а

Пејачката Адел конечно добила решение за развод на бракот. Таа се разведе од Симон Конецки, со кој има и син.

Популарниот пар во април, 2019-та година објави дека повеќе не се заедно, а пет месеци подоцна Адел поднела барање за развод од бракот. 


За условите за развод парот се договорил пред неколку денови, на 15-ти јануари. Меѓутоа, разводот сè уште не е готов, сè додека судиите не го потпишат. Двајцата потпишале дека треба да поделат 190 милиони долари кои ги стекнале додека биле во брак.


Да потсетиме, пејачката стапила во врска со Симон во 2011-та година, а во октомври, 2012-та година станале родители на момчето Анџело Адкинс, кој денес има осум години. Во 2016-та година, Адел и Симон тајно се венчале.

Адел од објавата за разводот ослабнала 45 килограми, а се шпекулирало и дека е во врска со светски познатиот рапер Скепта. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг