Арсенал до крајот на преодниот рок добива засилување од Реал Мадрид

Дерби

22/01/2021

12:48

1.839

Големина на фонт

а а а

Микел Артета ќе добие освежување во составот до крајот на преодниот рок затоа што ќе потпише договор со еден играч на Реал Мадрид.

„Дејли Мејл“ пренесува дека преговорите меѓу „топчиите“ и Реал Мадрид се при крај и дека играчот од средниот ред со офанзивни карактеристики, Мартин Одегард ќе се пресели на „Емирејтс“ на шестмесечна позајмица.

Техничиот директор на Арсенал, Еду, уште минатата недела стапил во контакт со челниците на Реал Мадрид со надеж дека ќе ги убеди да им го отстапат Одегард пред Реал Сосиедад и Севилја кои исто така се заинтересирани за играчот.

Младиот фудбалер ја игра првата сезона како член на Реал Мадрид по неколкуте позајмици низ кои мина изминативе години, но не добива голема минутажа од Зинедин Зидан, па како што објави каталонскиот „Спорт“, сам побарал да биде отстапен на друг клуб во јануари.

Во Арсенал во моментов настапува уште еден играч од Реал Мадрид како позајмен фудбалер, а тоа е Дани Себалјос кој остава одличен впечаток играјќи под водство на Микел Артета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг