Владата ги објави платите: Заев зема највисока, Шаќири најниска...

Точка

22/01/2021

22:17

11.555

Големина на фонт

а а а

Владата на својата официјална страница ја објави листата со платите на премиерот, вицепремиерите и министрите од претходниот месец.

Како што може да се види на листата, највисока плата зема премиерот Зоран Заев. Пресметано со неговиот работен стаж од 22 години кој е меѓу највисоките во Владата, премиерот Заев зема нето плата од 87,813 денари.

На второто место е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој добива 85,113 денари личен доход, додека пак на третото место се најде министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која зема нето плата од 74,273 денари, а има и најдолг работен стаж од 28 години.

„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, објавија од Владата на Македонија.

Целата листа со висината на исплатени нето плати за месец декември 2020-та година можете да ја погледнете подолу:




Спонзорирани линкови

Маркетинг