Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Макфакс

17/01/2021

13:57

1.685

Големина на фонт

а а а

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19.

Од полицијата соопштија дека синоќа околу 3 часот по полноќ, влегле во стан на улицата Рајко Жинзифов, каде имало гласна музика и не се почитувале мерките за заштита од вирусот. Полициските службеници, врз основа на судска наредба, извршиле контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје. Притоа, во станот бил затекнат сопственикот и уште седум лица, на возраст од 25 до 33 години.

Во истиот период, во координација со Јавен обвинител, во стан на улицата Елисие Поповски Марко биле затекнати пет 20-годишници кои правеле забава. Од нив четворица се од Скопје и еден од Битола.

Сите 13 лица се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг