Карантинот ја води Грција во банкрот! Секој месец рестриктивните мерки ги чинат 3 милијарди евра

Точка

15/01/2021

19:30

2.782

Големина на фонт

а а а

Еден месец на строги рестриктивни мерки ја чини соседна Грција околу три милијарди евра, соопшти портпаролот на грчката влада, Христос Тарандилис.

Притоа објасни дека сите одлуки кои ќе бидат донесени за повторно отворање на малопродажбата во земјата ќе бидат засновани на препораките на Комисијата на епидемиолозите, пренесува „Екатимерини“.

Нашите јужни соседи веќе повеќе од два месеци се во карантин, освен во периодот пред и после празниците кога на две седмици беа отворени фризерските салони, книжарите и центрите за техничка проверка на автомобилите, како и продавниците за подигање на нарачка.


Сè останато остана затворено од 7-ми ноември 2020-та година во периодот кога драстично се зголемија бројките на заразени и починати како последица на коронавирусот.

Инаку, во Грција веќе е започнат процесот на вакцинирање на населението со вакцина против коронавирусот. Од 27-ми декември до денеска, во Грција се вакцинирани 70,698 граѓани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг