Ветеранката која беше убиена при обидот да влезе во Конгресот живеела со сопругот и нивната партнерка

Точка

15/01/2021

11:39

3.214

Големина на фонт

а а а

Ешли Бабит била 14 години во воздушните сили на САД. Била дел од масата која Трамп ја наговорил да влезе во Конгресот. Сопругот Арон и девојката Кејла дознале дека починала преку пренос во живо.

Мислев дека само оди на протест. Се јавив во болницата и се обидов да дознаам што е со неа, а потоа видов на телевизија во пренос во живо дека е мртва, рекла Кејла Џојс, пишува "New York Magazine's Intelligencer", а пренесува "New York Post". 

Кајла ги запознала американската ветеранка Ешли Бабит и нејзиниот сопруг Арон Бабит пред околу една година. Тројцата живееле заедно во Сан Диего и биле во врска, пренесуваат американските медиуми.

Ендру Витхоефт е брат на покојната Ешли и вели дека Кајла била добра партнерка на неговата сестра и нејзиниот сопруг.

"Ја видов само два пати, но знам дека супер се согласуваа. Беа тим. Никогаш ништо лошо не слушнав. Колку што знам, Кајла е сега покрај Арон", рекол братот на покојната Ешли.

Ешли Бабит била воена ветеранка, со 14 години искуство во Воздушните сили на САД. Упаднала во Капитол заедно со масата која била на митингот на Трамп.

Ја застрелале полицајци додека се обидувала да влезе во конгресната сала низ скршен прозорец.

"Ешли не беше терорист. Не би се изложила на ризик без врска, тоа не личи на неа. Не го сакаме ова внимание, таа не би го сакала тоа. Памтам само дека беше среќна тој ден, тоа е се што сакам да размислувам", додала Кајла Џојс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг