Голема загриженост за безбедноста на Бајден: Се одложува пробата на инаугурацијата на новоизбраниот претседател

Точка

15/01/2021

10:17

1.102

Големина на фонт

а а а

Пробата на инаугурацијата на идниот претседател на САД, Џо Бајден, закажана за недела, е одложена за еден ден од безбедносни причини, објавил американскиот сајт "Politico", повикувајќи се на два неименувани извори.

Тимот на Бајден го откажал и патувањето на новиот претседател од Вилмингтон, во државата Далавер во Вашингтон, планирано за понеделник, поради загриженост за неговата безбедност, наведува порталот. 

Комитетот за инаугурација не сакал да ги коментира овие наводи.

Директор на Федералното истражно биро, Кристофер Вреј рекол дека ФБИ истражува поединци кои би можеле да ја загрозат безбедноста на инаугурацијата.

Бајден побарал од Лиза Монако, свој кандидат за заменик државен обвинител и советничка за борба против тероризам на Барак Обама, да биде привремен советник за внатрешна безбедност.

Претседателската инаугурација, која е закажана за 20-ти јануари, традиционално привлекува стотина илјади посетители во Вашингтон, но сега таа е организирана многу поскромно, поради пандемијата на коронавирусот.

Службениците предупредиле на нова можност за вооружени протести во Вашингтон во текот на церемонијата, по минатонеделните нереди на Капитол во кои загинале пет лица.

Планирано е повеќе од 20.000 припадници на Националната гарда да бидат распоредени во Вашингтон во текот на церемонијата на инаугурацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг