Во Скопје за еден ден казнети 244 несовесни возачи

Макфакс

15/01/2021

10:04

536

Големина на фонт

а а а

Полицијата во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените сообраќајни контроли на територијата на град Скопје, информираат од МВР.

Притоа, изречени се вкупно 244 мерки, од кои 24 за управување со брзина поголема од дозволената, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 13 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 7 санкции за управување под дејство на алкохол, 17 за користење на мобилен телефон и 6 мерки за поминување на црвено.

Од МВР додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг