Ubisoft ќе работи на новиот Star Wars: Возбудлива промена која играта ќе ја врати меѓу ѕвездите

Точка

14/01/2021

19:50

916

Големина на фонт

а а а

Компанијата Ubisoft се здружува со Lucasfilm Games студиото, а плодот на оваа соработка ќе биде нова Star Wars видео игра.

Како што стојат работите, оваа соработка укажува на тоа дека Electronic Arts повеќе не ја поседува лиценцата за овој „универзум“, па сега популарниот Ubisoft ќе ги преземе работите во свои раце.

Ubisoft Massive, тимот кој работеше на видео играта The Division ќе работи и на новата Star Wars видео игра, а целиот проект ќе го надгледува Џулијан Герајти кој беше креативен директор на проектите The Division 2 и The Crew.

Како што пренесува The Wired, Ubisoft најверојатно ќе го користи SnowDrop енџинот кој беше користен за The Division 2.

Првиот човек на Ubisoft, Ивес Гилемот најави дека новата игра ќе биде „оригинална Star Wars авантура која ќе биде поинаква во однос на тоа што сме го виделе досега“.

Инаку, компанијата Electronic Arts успеа да ја добие лиценцата за Star Wars видео игрите во 2013-та година, пред компанијата Disney да го купи Lucasfilm. Наводно Electronic Arts ќе продолжи да работи на Star Wars, но Lucasfilms ќе ја надгледува продукцијата на видео игрите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг