550.000 нови корисници за само 4 дена: Луѓето „полудеа“ по руската апликација

Точка

13/01/2021

19:40

6.700

Големина на фонт

а а а

„Телеграм“ за кратко време стана втора најбарана апликација во САД, а во последните 72 часа добила дури 25 милиони нови корисници.

Повеќе од половина од Американците ја презеле руската апликација „Телеграм“ за само четири денови, од минатата среда до неделата, по „гаснењето“ на профилот на Доналд Трамп на Твитер и отстранување на апликацијата „Парлер“.

Така „Телеграм“ стана втора најпребарувана апликација во САД затоа што Американците бараат алтернатива во големите корпоративни социјални мрежи.

„Телеграм“, социјална мрежа и сервис за сигурна размена на пораки настана во Русија, а сега била преземена 550.000 пати во период помеѓу 6 јануари и 9 јануари, три пати повеќе во ист период од претходната седмица, известила американската ТВ станица „Fox News“.

Масовниот егзодуз на Американците кон други социјални мрежи следи поради тоа што нив е потешко да ги контролираат отколку традиционалните, како што се на пример Фејсбук и Твитер, пренесува „NYT“.

„Телеграм“ во последните 72 часа добил нови 25 милиони корисници, изјавил основачот Павел Дуров. Тој исто така открил дека 38 отсто од новите корисници се од Азија, 27 отсто од Европа, 21 отсто од Латинска Америка, 8 отсто од Блискиот Исток и од Северна Африка, пренесува порталот „PCNen“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг