Истражување: Постои еден тип на жени кои не им се привлечни на мажите, а токму таа особина е идеалот на секоја жена

Точка

13/01/2021

18:14

2.058

Големина на фонт

а а а

Истражувањето покажало дека на мажите таков тип жени баш и не им се допаѓа.

Резултатите од истражувањето биле споделени во научното списание „Еволуција и човечко однесување“, а истите покажале дека храбрите жени не им се привлечни на мажите.

Научниците сметаат дека причината за тоа се крие во еволуцијата, т.е. во навиките на мажите да се чувствуваат како подоминантен и посилен пол.


Во истражувањето кое што било спроведено на Универзитетот во Стокхолм учествувале 159 припадници на женскиот пол и 181 маж од неколку земји ширум Европа.

На сите учесници им биле покажувани фотографии од луѓе од двата пола настанати додека извршувале работи за кои што е потребна храброст: војување, помагање на другите луѓе при природни катастрофи и слично.

Па, така било утврдено дека жените кои што се во воена служба или пак воопшто дами кои што го ризикуваат својот живот за другите во екстремни ситуации, не им се привлечни на мажите - без оглед на нивниот изглед.

Се согласувате ли?




Спонзорирани линкови

Маркетинг