Приврзаникот на Трамп кој упаднал во Конгресот е пронајден мртов во својот дом - Стентон влегол во кабинетот на Ненси Пелоси и го украл нејзиниот лаптоп

Точка

13/01/2021

18:48

3.550

Големина на фонт

а а а

Приврзаникот на Доналд Трамп, Кристофер Сантон Џорџија, е пронајден мртов во својот дом во Алферта, Џорџија.

Тој бил уапсен во нередите на 6-ти јануари, а сега е пронајден мртов во својот дом, Медиумите за него известувале дека упаднал во кабинетот на Ненси Пелоси и го украл нејзиниот лаптоп. 

"Daily Mail" објавил дека неговата сопруга повикала полиција на 9-ти јануари утрото и рекла дека има крв насекаде.

Судскиот вештак во округот Фултон оценил дека Стантон извршил самоубиство. Полицајците во неговата куќа пронашле две полуавтоматски пушки "SKS".

Тој, според наводите на полицијата бил пронајден во подрумот, а прострелната рана била во неговите гради.

За што е обвинет Џорџија?

Тој е обвинет за обид да влезе во одреден имот, односно во Конгресниот терен на САД, против волјата на Конгресната полиција на САД. Судските документи, до кои дошле медиумите, покажуваат дека Џорџија останал и по полицискиот час. Џорџија бил соочен со максимална казна од 180 дена затвор или парична казна од 1.000 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг