Животни мудрости на Џек Николсон: „Оној момент кога ќе престанете да вложувате во себе - мртви сте“

Точка

13/01/2021

15:16

2.999

Големина на фонт

а а а

Еве што кажал холивудскиот шармер за животот, среќата и жените - неговите зборови вечно ќе се паметат.

Холивудските актери отсекогаш важеле за харизматични, шармантни и пред се згодни мажи. Но, доколку мора меѓу сите нив да избереме еден- тогаш тоа би бил Џек Николсон.

Без оглед на неволјите, успеал да ја заджи насмевката на своето лице. Од него многу може да научиме за животот и како да пристапиме на стресот и вистински да уживаме во секој момент.

Еве што Џек Николсон има да каже за животот, смртта, работата, совети за младите генерации, но и темата која што секако му е најдрага - жените.


1. Мое мото е - повеќе забава.

2. Мојата религија во суштина е да бидам непосреден, да живеам во сегашниот момент. Тоа е старо клише знам, но е мое клише.

3. Доколку почувствувате некаков нагон во себе, имате изразена интуиција, колку и да е погрешна - следете ја.

4. Кога носам очила за сонце, јас сум Џек Николсон. Кога не ги носам сум дебел старец од 60 години.

5. Ми се допаѓа таа реченица, ја запишав и ја користевме во филмот „Граница“, во која велам: „Само сакам да направам нешто пред да умрам“.

6. Лажете само двајца луѓе во животот: својата девојка и полицијата. На сите останати кажувајте им ја вистината.

7. Оној момент кога ќе престанете да вложувате во себе и да учите нови работи - мртви сте.

8. Живеам во убедување дека публиката и понатаму ме гледа како оној млад перспективен актер. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг