Германија останува затворена дури до април? Меркел: Мораме да го сопреме британскиот вирус!

Точка

12/01/2021

20:20

3.989

Големина на фонт

а а а

Германската канцеларка Ангела Меркел на пратениците од својата партија им порачала дека рестриктивните мерки против коронавирусот во Германија би можеле да останат на сила до април, пренесува „Билд“.

„Ако не успеме да го сопреме овој британски вирус, ќе имаме десет пати поголеми бројки до Велигден. Потребни ни се уште 10 седмици остри мерки“, изјави Ангела Меркел.

Според податоците на институтот „Роберт Кох“, во последните 24 часа со коронавирус во Германија се заразени 12,802 лица, а починаа 891 лице. Вкупниот број на заразени во оваа земја се искачи на 1,933,826, а како последица на вирусот починаа 41,577.

Актуелните рестриктивни мерки се на сила до крајот на јануари, но од повеќе сојузни покраини веќе има најави дека строгите мерки би можеле да бидат продолжени и во февруари. Од понеделник на сила се дополнителни мерки за ограничување на контактите, па дозволени се средби само на членови на едно семејство со најмногу едно лице од друго домаќинство.


Во поголем дел од сојузните покраини на сила стапи и мерката за ограничено движење од 15 километри радиус за градовите со седумдневна инциденција поголема од 200.

Од претходно на сила се мерките за забрана на работа на угостителските, културните и спортските објекти, како и целокупната малопродажба со исклучок на продавниците за храна и аптеките.