Која „тајна“ ја крие презимето на големиот научник - Никола Тесла?

Точка

11/01/2021

21:00

5.957

Големина на фонт

а а а

Како што знаеме, Никола Тесла е еден од најпознатите научници на светот.

Покрај неговиот генијален ум за кој што никој не може да каже дека не било така, Никола имал и друго - семејно презиме.

Презимето Тесла е старо повеќе од два и пол века. Пред тоа неговото презиме, односно семејното презиме било Драганиќ.


Постои еден интересен факт за семејството Драганиќ, дека некои членови од тоа семејство го додале прекарот „тесла“ поради интересна наследна особина, а тоа е затоа што сите од семејството имале криви предни заби, кои што многу личеле на алатката за обработка на дрво.

Покрај тоа, Џон О'Нил, кој што ја запишал таа анегдота за Тесла, додал и дека тоа семејство има потекло од Западна Србија и дека било дел од голем број офицери и свештеници. Нивната слава била св. Ѓорѓија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг