Филипче: Милион и двесте илјади граѓани ќе бидат вакцинирани против коронавирус

Макфакс

08/01/2021

14:14

4.152

Големина на фонт

а а а

Милион и двесте илјади граѓани ќе бидат вакцинирани со ковид-вакцините, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Вчера, стигна писмото за најава од страна на Ковакс-механизмот дека е можно вакцините преку овој механизам да стигнат на крајот на јануари или почетокот на февруари. Ние вчера ги пративме и аплициравме со сите документи во однос на спремноста, а тоа се анализата и евалуацијата што ги правевме на нашиот систем заедно со СЗО и практично веќе аплициравме да бидеме во првата група земји во согласност со спремноста на нашиот систем во однос на чувањето на температура на -70 степени, дистрибуцијата и практичната апликација преку центрите за јавно здравје да бидеме во првата група земји што би ги примиле вакцините“, рече Филипче.

Крајниот рок за пријавување е 18 јануари и дури потоа ќе се знае точно кога би пристигнала пратката со вакцини.

„Според нивното писмо, станува збор за вакцината на ‘Фајзер’, а следна што доаѓа предвид е на ‘Астра зенека’“, рече Филипче.