Казнети 190 возачи во Скопје

Макфакс

23/12/2020

10:22

658

Големина на фонт

а а а

Полицијата за еден ден казнила 190 возачи во Скопје за разни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Во Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола казнети се 24 возачи, 13 за нерегистрирани возила, седуммина за технички неисправни возила во јавниот превоз, а 17 возачи се казнети за користење на мобилен телефон.

Изречени се 11 мерки за минување на црвено светло, 54 мерки за непрописно паркирани возила и 51 возило е подигнато со „пајак“ службата.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг