Секој 36-ти Италијанец имал коронавирус

Макфакс

04/12/2020

15:11

485

Големина на фонт

а а а

Според последното соопштение на Министерството за здравство на Италија, секој 36-ти Италијанец бил заразен со Ковид-19, а во последните 24 часа се регистрирани 23.225 новоинфицирани лица, пишува агенцијата „Анса“.

Сите епидемиолошки податоци покажуваат дека кривата на инфекцијата запира, освен кога е во прашање бројот на смртни случаи – вчера 993 пациенти починаа како последница на Ковид-19, што е најголем број смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата во Италија.

Комесарот за вонредни ситуации Доменико Аркури рече дека бројките се алармантни и дека не треба да се забораваат кога се одлучува за нови антикорона-мерки.

„Вирусот е сè уште силен, но ние сме во состојба да ја држиме ситуацијата под контрола“, рече Аркури.

Тој верува дека олеснувањето на ограничувањата против Ковид-19 сега би било опасно и би значело соочување со трет бран од пандемијата.

„Би било невозможно луѓето да се вакцинираат против коронавирус во услови на нов бран на инфекција“, рече Аркури.

Во Италија, земја со 60 милиони жители, досега се регистрирани над 1.660.000 случаи на зараза.