Малдини: Ибрахимовиќ е на исто ниво како супер шампионот Ван Бастен

Дерби

03/12/2020

14:37

1.904

Големина на фонт

а а а

Оперативецот на Милан, Паоло Малдини го пофали Златан Ибрахимовиќ кој според него е на исто ниво како легендарниот Марко Ван Бастен.

Ибра на почетокот на оваа календарска година се врати во Милан по епизодата во МЛА лигата во Лос Анџелес Галакси, а току со неговото доаѓање се променија работите во „црвено-црниот“ табор кој сега е опасност за кој противник.

„Росонерите“ играат квалитетно, организирано, знаат што сакаат и за тоа најдобар доказ е првото место кое во моменот го држат во Серија А. Ибрахимовиќ дефинитивно е меѓу најзаслужните за тоа, па Малдини говорејќи за него порача:

- Ибрахимовиќ и Ван Бастен се двајца супер шампиони. Тешко е да се каже кој е подобар. [Франко] Барези и Ван Бастен беа оние кои имаа нешто повеќе од другите. Марко за жал мораше да запре во неговиот најдобар момент. Ибра за она што го направи и што го прави, несомнено е и на тоа ниво.

- [Минатата година] Ибра беше вистинскиот човек да го направи тој микс помеѓу младоста и искуството. Ама дефинитивно тоа беше ризик. Тој дојде по две години во МЛС, Серија А е сосема друга работа. Кога предложивме договор за 18 месеци, тој ни кажа: Ајде да биде на шест месеци затоа што не знам што можам да ви донесам, - истакна Малдини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг