"Сè ќе гори на нашите граници"! Руски експерт предупредил на американската стратегија "тројански коњ"

Точка

02/12/2020

17:07

6.457

Големина на фонт

а а а

Рускиот воен експерт Јуриј Кнутов учествувал на прес-конференцијата на медија групата "Патриот" на тема "Кој и зошто ги напаѓа границите на Русија".

Експертот објаснил зошто САД постојано ја провоцираат Русија. Според неговите зборови, Соединетите Американски Држави се позиционираат како земја која може да диктира наредби. Самата идеја дека само Америка може да игра месијска улога е клучна. Бројни американски политиколози веруваат дека Америка, ако се откаже од оваа идеја, ќе се распадне. 

"Трамп сфати дека САД се во позицијата на СССР во 80-тите години. Демократите се глобалисти, нивна главна цел е да уништуваат други држави. Овие две струји се судрија, но изгледа дека демократите победуваат. Најинтересно е тоа што кон крајот на минатата година е усвоена стратегијата "Тројански коњ" односно дека се би требало да гори на нашите граници. Сега мора да размислуваме за својата безбедност", рекол Кнутов.

Според зборовите на воениот експерт, САД сега го погазуваат меѓународното право, а што се однесува до интересите на Руската Федерација, Москва секогаш ќе се придржува кон нив.




Спонзорирани линкови

Маркетинг