Боки-13 се вознемирил во судницата откако не му било дозволено да изрази сочувство за смртта на Енвер Малиќи

Точка

02/12/2020

13:03

5.457

Големина на фонт

а а а

На почетокот на денешното рочиште за случајот „Рекет 2“, Јовановски побара можност да изрази сочувство за починатиот заменик градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи, кој почина од коронавирус, барање кое му беше одбиено бидејќи не му е дадено правото за збор. Судијката Гаврилова-Ефремова до Јовановски на записник упати писмен укор и последна опомена да не зборува кога не му е даден збор, во спротивно ќе биде истеран од судница.

Откако пропаднаа обидите на Јовановски да дојде до збор, тој се смири, по што се создадоа услови за продолжување на главната расправа на процесот.

Воедно, денешното рочиште за случајот „Меѓународен Сојуз”, започна со вербална расправија меѓу судијката Софче Гаврилова -Ефремова, и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

„Судот не може да претставува медиум како што тврдеше обвинетиот. Новите барања за изземање на судскиот совет можете да ги поднесете писмено“, посочи судијката Гаврилова Ефремова.

Судијката на почетокот на судењето информираше дека последното барање за изземање на постоечкиот кривичен совет од претседателот на судот е отфрлено како недозволено. Застапникот на обвинението, обвинителката Милица Гаврилова, на денешното рочиште за „Меѓународен Сојуз”, презентираше “What’s App”, комуникација меѓу обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 и други лица, меѓу кои и лицето Адриан Амзоски. Токму од таа комуникација може да се дознае дека Азмоски од Бојан Јовановски инсистира да му бидат вратени парите кои тој му ги дал за проект кој не бил реализиран.

Исто така, поради непристојно однесување, дофрлување на недолични зборови и непочитување на претходните опомени, Гаврилова-Ефремова, го избрка од судница обвинетиот во овој случајот „Рекет 2“, Миле Јовановски, татко на првообвинетиот Бојан Јовановски.

Судијката нагласи дека Миле Јовановски нема да присуствува на денешно рочиште.

Во случајот „Меѓународен сојуз“ се обвинети Бојан Јовановски за измама и перење пари, а за истото дело се обвинети уште и Јасна Ерцеговиќ и Кристина Блажевска, поранешната пратеничка Фросина Ташевска Ременски за измама, додека таткото на Бојан, Миле Јовановски е обвинет за перење пари и неовластено држење и трговија со оружје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг