Првата земја во светот која што даде „зелено светло“ за вакцината против Ковид-19: Наскоро почнува првото масовно вакцинирање против вирусот

Точка

02/12/2020

09:44

5.114

Големина на фонт

а а а

Вакцинацијата би можела да почне за неколку дена, а прво ќе се вакцинираат најзагрозните, како што се на пример здравствените работници.

Велика Британија ќе стане првата земја во светот која што ќе даде зелено светло на вакцината „Фајзер“ против коронавирусот.

Како што пренесува „Би-би-си“, британскиот регулатор MHRA објавил дека вакцината која што ја направиле „Фајзер“ и „БионТех“, а која што дава заштита од коронавирусот до 95 отсто е сигурна за употреба.

Вакцинацијата би можела да започне и за неколку дена, и тоа прво ќе се вакцинираат најзагрозените групи луѓе.


Велика Британија досега договорила 40 милиони дози од вакцината (доволна за 20 милиони луѓе), а нарачани биле и дополнителни 10 милиони дози. Секоја доза чини околу 15 фунти.

Оваа вакцината досега е најбрзо направената против Ковид-19. За само 10 месеци направена е вакцина за која што клиничкото тестирање докажало дека е многу ефикасна и има помали нуспојави.

Иако одобрувањето е знак дека вакцинацијата може да почне, тоа не значи дека луѓето треба да престанат да ги почитуваат епидемиолошките мерки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг