Сакаат да ми ги скршат нозете, страв ми е: Фудбалерката која го нарекла Марадона силувач и педофил добива смртни закани

Точка

01/12/2020

16:30

3.582

Големина на фонт

а а а

По смртта на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, милиони луѓе и речиси сите фудбалски клубови му оддадоа почит. Но, видовме и дека една фудбалерка одби да го направи тоа. Паула Дапена, го нарекла Ел Пибе педофил и силувач, седнала и го завртела грбот при минутата молк. Сега добива смртни закани.

Фудбалерката на шпански Вијахес Интериаса, сега се нашла во многу лоша ситуација бидејќи наишла на големо негодување поради нејзините зборови кога Марадона го нарекла силувач и педофил. 

"Веднаш кога дознав дека ќе оддаваме почит одлучив да не молчам ни минута за тој силувач и педофил", рекла Дапена која потоа нагласила дека морала да ги исклучи сите профили на социјалните мрежи бидејќи постојано ја вознемируваат поради нејзиниот став.

"Да, добив многу закани. Тоа не е само вознемирувачко, тоа се смртни закани. Некои ми напишаа дека ќе дознаат каде живеам, дека ќе ме следат, а потоа ќе ми ги скршат нозете", навела Дапена.

Фудбалерката открила дека сигурно ќе пријави некои од заканите во полицијата.

"Сите опции се на маса. Многу ми е страв од некои коментари. Мислев дека мојот протест ќе остане запаметен во мојот град, но не знаев дека ќе стане светска сензација", рекла таа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг