Точка ТВ: Рускиот мистик и десна рака на царот кој преку оргии ги „чистел“ жените од гревови – кој бил Распутин?

Точка

01/12/2020

11:23

3.179

Големина на фонт

а а а

За едни бил вистински Месија, а за други само нечестив човек. За некои останал вистински светец, додека за другите голем маг.

Овој монах имал речиси натприродна моќ да влијае на умот и волјата на многу луѓе кои што ги користел за да влијае на рускиот дворец и семејството на последниот руски цар.

Рускиот цар и царица Распутин го сметале за свет човек, Божји пратеник и близок пријател. Царицата дури верувала дека Бог ѝ се обраќа преку Распутин.

Контроверзниот Распутин за многу кратко време станал еден од највлијателните и најмоќни луѓе во Царството и личен советник на царот Николај II и царицата Александра.

Григориј Распутин е роден во 1869-та година во Сибир во сиромашно семејство. Братот и сестрата му починале, сестра му се удавила, а брат му починал од рак на белите дробови.

Тој уште од најрано детство бил склон кон медитации и затворање во себе. Покажувал способност и за исцелување од разни болести. Се зборувало дека било доволно само да ја положи својата рака на местото кое што било заболено и човекот веднаш оздравувал.

Денеска некои истражувачи велат дека тој имал способност да ги контролира луѓето.

Тој исто така применувал „љубовен начин за 'чистење' на гревовите од грешниците“, а неретко жените за тоа во нивните дневници пишувале со воодушевување.

Тој ги чистел жените грешници од гревови така што до зори правел оргии со нив, а не му било ниту тешко да ги наговори на тоа.


Неговата сопруга со која што се оженил кога имал само 18 години ги толерилала таквите негови сексуални афинитети и не гледала ништо лошо во тоа.

Тој еднаш ја избегнал и смртта кога Јина Усева со нож го забодела во стомак, но подоцна таа била прогласена за луда.

Но, по две години група луѓе на чело со кнезот Феликс Јусупов успеале да го убијат.

Кога неговото мртво тело било пронајдено, било утврдено дека тој починал како резултат на давење бидејќи во неговите бели дробови била пронајдена голема количина вода, што покажувало дека до крај се борел за својот живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk