Нереална ситуација во Примера: Топката влегуваше во празната мрежа, напаѓачот на Еибар направи голема глупост

Дерби

01/12/2020

11:00

1.549

Големина на фонт

а а а

Единаесеттото коло во шпанската Примера беше завтворено со натпреварот кој се одигра на „Бенито Виламарин“, стадионот во Севилја на кој Еибар успеа да оствари голема победа во битката со разнишаниот Бетис кој продолжи да реди лоши резултати во последно време.

Домаќините беа надиграни во најголем дел од мечот и го претрпеа третиот пораз во низа во шпанската Примера, а од друга страна пак, по двете реми средби во серија, Еибар стигна и до цел плен и освоени три бода.

Гостите од Баскија славеа со головите на Муто и Бургос, а најзадоволен од добрите реакции и головите на своите соиграчи дефинитивно е Такаши Инуи.

Јапонецот е еден од најдобрите поединци во редовите на Еибар, но крилниот напаѓач изминатава вечер изрежира огромна глупост, која за среќа неговиот тим не ја плати прескапо.

Еибар требаше да поведе со 0:1 уште во 34-та минута кога Брајан Хил доби еден воздушен дуел, но во ситуација кога топката влегуваше во празната мрежата и немоќниот голман не можеше да реагира, Инуи активираше офсајд со самото тоа што ја допре топката на гол линијата.    



Спонзорирани линкови

Маркетинг