Зад нас е 9-то коло во германскиот шампионат кое донесе едно големо изненадување-тоа е поразот на Борусија Дортмунд од Келн (2-1) на „Сигнал Идуна Парк“.
На осум од деветте средби паднаа голови и тоа на секој од нив каде имаше погодоци се тресеа мрежите како на домаќините така и на гостите или со обложувачки речник кажано беа „гол-гол“.
Имаше навистина квалитетни голови, а пет стандардно беа избрани и ставени на најновата Топ 5 листа, па во продолжение уживајте во магиите на Крузе, Левандовски, Анхелињо…