Среде Амазонската прашума откриле ѕид од ледено доба: Научниците изненадени од деталите на него...

Точка

01/12/2020

22:01

8.229

Големина на фонт

а а а

Во Амазонската прашума откриени се карпи на кои што се насликани околу десет илјади животни и луѓе. Цртежите настанале пред 12.500 години и сè уште се јасно видливи на ѕидот кој што се протега на должина од околу осум километри, а се наоѓа во Колумбија.

Археолозите датумот на настанување воглавно го утврдиле од цртежите, односно од животните кои што веќе сега се изумрени, а датираат од ледено доба.

На пример насликан е мастодонт, што е праисториско блиско животно до слонот кој што во Јужна Америка го нема веќе 12.000 години. Таму има и палеолами - изумрен вид на камили.


Сите овие животни ги насликале првите луѓе кои што стигнале до Амазон, а тие даваат добар увид во изгубената древна цивилизација. Археолозите велат дека станува збор за голем број цртежи и дека генерациите кои што допрва доаѓаат мора да ги изучуваат.  


Цртежите вклучуваат риби, желки, гуштери и птици, како и луѓе кои што танцуваат и се држат за раце. Цртежите се многу детални, па така на пример на коњот може да се видат и неговите влакна.


Инаку, ѕидот бил откриен минатата година, но досега оваа приказна била одржувана во тајност затоа што била снимана за големата британска серија на каналот „Канал4“, која што ќе биде прикажана во декември „Мистерија на џунглата: Изгубеното кралство на Амазон“.  




Спонзорирани линкови

Маркетинг