Кинеските научници пронашле животински вид стар 500 милиони години – една работа ги зачудила сите

Точка

30/11/2020

09:55

5.475

Големина на фонт

а а а

Кинеските научници во покраината Шандунг пронашле фосилизиран трилобит кој што датира од пред 500 милиони години, пренесува кинеската новинска агенција „Синхуа“.

Трилобитот со должина од четири сантиметри наречен е „Phantaspis auratus“, а го карактеризира глава со продолжен преден дел со двоен шилест облик налик на уши од зајак, соопштил Институтот Нанџинг за геологија и палеонтологија при Кинеската академија на науките.

Трилобитите изумреле уште пред околу 520 милиони години.

„Првпат гледаме трилобит со толку чуден изглед. Необичниот облик на неговата глава може да помогне во ловот на храна или пак да ги збуни неговите природни непријатели“, изјавил истражувачот од Институтот, Жао Фанчен.

Инаку, ова истражување неодамна било објавено во научното списание „Acta Palaeontologica Polonica“.

Погледнете го видеото: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг