Официјално соопштение - еве која е причината за смртта на Шон Конери: „Свесна сум дека не можевме да траеме вечно“

Точка

30/11/2020

09:12

6.056

Големина на фонт

а а а

Шон Конери почина на 31-ви октомври 2020-та година, во својот дом на Бахамите, а сега официјално се знае причината за неговата смрт.

Како што се наведува, Шон починал во сон, а како причина за неговата смрт наведено е воспаление на белите дробови, затнати дишни патишта, старост и неправилна работа на срцето.

„Таков живот не беше за него. Не можеше да се изразува во последно време. Барем почина во сон, беше многу мирно. Бев покрај него постојано и само престана да дише во сонот. Така сакаше да биде“, изјавила сопругата на Шон, Мишелин.


Мишелин се пофалила дека имала преубав живот покрај нејзиниот покоен сопруг, па истакнала дека тој бил мажот на кој што многумин треба да се угледаат.

„Тој беше прекрасен човек и имавме прекрасен заеднички живот. Тој беше маж на кој што сите други можеа да се угледаат. Ќе ми биде многу тешко без него, го знам тоа. Но, свесна сум дека не можевме да траеме вечно“, изјавила таа.

Од славниот Бонд се простија многубројни актери, политичари, јавни личности, а сите се согласни во едно - дека тој беше еден од најлегендарните актери, а почит му оддаде и актуелниот Џејмс Бонд - Даниел Крејг. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг