Нов црн рекорд во Србија – 65 починати и над 6.000 заразени

Макфакс

29/11/2020

17:21

1.309

Големина на фонт

а а а

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 6.179 случаи на коронавирус, a починале 65 лица.

Тестирани биле 15.508 луѓе.

Според последните податоци, во болниците има 7.256 пациенти, од кои на респиратори се 252.

Од почетокот на епидемијата, во Србија се регистрирани 169.214 случаи на коронавирус, а како последица на пандемијата починале 1.549 луѓе.

Ситуацијата во Србија е сè уште критична, а лекарите секојдневно известуваат за голем број прегледи во ковид-амбулантите. Се повеќе болници низ целата земја се префрлаат на ковид-системот, односно пациентите се превезуваат во болници каде има места.

Властите апелираат да се почитуваат мерките, особено носењето маски и држењето растојание.



Спонзорирани линкови

Маркетинг