(Фото) Граѓаните бараат оставка од премиерот: Или Заев или Македонија

Нетпрес

28/11/2020

14:25

6.202

Големина на фонт

а а а

„Или Заев или Македонија„. Ова е една од пораките која осамна на денешниот протест на кој народот сплотено бара оставка од премиерот.

На протестот во саботата напладне, мноштво граѓани пред зградата на Владата побараа оставка од премиерот Зоран Заев, по неговите последни изјави оцените како јавно тргување со македонската историја, обезличување на сѐ што е македонско, граѓаните му порачуваат дека треба да си оди.

„Не за новото предавство“, беше една од пораките кои му ја испратија граѓаните. Тие со скандирање бараат оставка од Заев.

Големиот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ се одржа под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“.

Сенародниот протест е организиран од ВМРО-ДПМНЕ. Две групи во колони тргнаа кон македонската Влада. Едните од Аеродром, другите од Карпош.