299 санкционирани возачи во Скопје

Макфакс

28/11/2020

12:25

498

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилени сообраќајни контроли на територијата на Скопје.

Притоа изречени се вкупно 299 казни, меѓу кои 34 за возење без возачка дозвола, 23 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 мерки за поминување на црвено светло и 29 мерки за користење на мобилен телефон.

Изречени се и 95 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 65 возила со специјално возило „пајак“.

За неносење на заштитна маска изречени се 10 санкции.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг