Ликвидиран е шефот на иранската нуклеарна програма: Почина во болница после атентатот...

Точка

27/11/2020

18:23

2.567

Големина на фонт

а а а

Шефот на иранската нуклеарна програма за вооружување е убиен денеска во близина на Техеран, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Мосен Фахризад почина во болница, потврдија од иранското Министерство за одбрана од каде што порачаа дека нападот е терористички акт.

Првичните информации беа дека доктор Фахризад починал на лице место, но подоцна „Фарс“ пренесе дека тој сепак им подлегнал на повредите во болница.

Доктор Фахризад, професор по физика и официр во иранската Револуционерна гарда беше означен од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху како „директор на иранската нуклеарна програма“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг