Шекеринска: Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја

Макфакс

27/11/2020

17:12

1.037

Големина на фонт

а а а

Имаме историја на која сме горди, но мора да се трудиме да ги решаваме проблемите, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања.

Таа вели дека денешните предизвици не може да се решаваат ако со двете нозе сме во минатото.

„Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја“ порача Шекеринска.

Министерката оцени дека премиерот Заев во последното интервју за БГНЕС испраќа пораки за помирување и гледање напред на работите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг