40.000 евра од општинскиот буџет на Битола за изградба на модуларна болница за Ковид-19

Макфакс

27/11/2020

15:43

915

Големина на фонт

а а а

Општината да се вклучи во изградбата на модуларен ковид-центар во Битола беше решено денеска, откако се одржа вонредна седница на Советот на општина Битола, на која едногласно се донесе одлука за донација на нови 40.000 евра, средства од општинскиот буџет.

Пред советниците се најде програмата за поставување на модуларен ковид-центар во дворот на Клиничката болница во Битола, како и одлуката за давање на донација на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ за изградба на центарот.

Од општина Битола информираат дека досега, на сите здравствени установи во градот, по разни основи за помош во ковид-кризата им се донирани над 80.000 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг