Со герила акција одбележан Денот за борба против насилство врз жените

Макфакс

27/11/2020

11:08

614

Големина на фонт

а а а

Со обележување на јавните простори во градот Скопје, каде најчесто се случува/ло сексуално вознемирување на јавни простори, го обележавме 25 ноември – Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и одбележуваме 16 дена против родово базирано насилство.

Герила акцијата е изведена на места, односно локации наведени од жени и девојки кои доживеале сексуално вознемирување на јавните простори во градот Скопје и кои пополниле анкета спроведена во октомври 2020.

MK/AL⬇️

Со обележување на јавните простори во градот Скопје?, каде најчесто се случува/ло сексуално вознемирување на...

Posted by Женска слободна зона - Zona e Lirë e Grave on Wednesday, November 25, 2020

Со оваа акција, сакаме да ја подигнеме свесноста за оваа форма на сексуално вознемирување и истовремено да испратиме порака за солидаризација и заедничка борба против сите форми на вознемирување и насилство врз жените.

Женска слободна зона (ЖСЗ) е женска иницијатива за зголемување на свесноста за сексуалното вознемирување на жени на јавни простори. Иницијативата е производ на желбата за солидаризација и заедничка борба против сексуалното вознемирување, уличното вознемирување и мизогинијата, како и на нашите заложби за изградба на мир во општеството преку намалување на родовиот јаз.



Спонзорирани линкови

Маркетинг