Бучковски за „Нова ТВ“: „Ова ми е 'дежа ву'. По 14 години, сега Заев е обвинет за распродажба на историјата“

Точка

26/11/2020

20:00

4.857

Големина на фонт

а а а

Владо Бучковски, поранешниот премиер на Република Македонија и универзитетски професор, застана во одбрана на Зоран Заев, а за сето тоа отворено зборуваше за „Нова ТВ“.

Бучковски смета дека „не е во ред некој да биде обвинет за распродажба на историјата кога во исто време, искрено се бори за нашата европска иднина“.

„Македонија ја доживува својата катарза. Мене ова ми е 'дежа ву'. Јас во 2006-та година се обидов, по средбата со тогашниот бугарски премиер Станишев да преговарам за нашата заедничка иднина во ЕУ, врз основа на нашата заедничка историја и изразивме подготвеност за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј и Илинденското востание.

Потоа бев дочекан „со нож“ од дел од медиумите, а во весникот „Дневник“ пишуваше: Премиерот Бучковски ја распродава македонската историја како да е на пазарот Илиевци во Софија.

14 години подоцна друг премиер е „обвинет“ за распродажба на нашата историја. Зошто? Затоа што се бори од петни жили за нашата европска иднина“, изјавил Бучковски за „Нова ТВ“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг