Скопје не беше ослободено од бугарска војска: Заев ги погази зборовите на ветеран од НОБ

Точка

26/11/2020

15:01

5.306

Големина на фонт

а а а

Не стивнува бурата која во македонската јавност настана после контроверзното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарски „БГНЕС“ во кој порача дека Бугарија не била фашистичка земја и бугарски војски ја ослободиле Македонија.

„Имало некоја администрација, на почетокот, после тоа Бугарија се дига заедно со антифашизмот, се бори за слободата, за демократијата и апсолутно е дел од антифашистичкиот фронт. Бугарски и македонски војски ослободуваат територии на, Крива Паланка, Куманово целиот регион, Скопје и во целиот овој дел“, изјави меѓу другото Зоран Заев.

Меѓутоа, на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Скопје пред околу две седмици, воениот ветеран од Народноослободителната борба (НОБ), Трајко Стаматовски, порача дека нашиот главен град бил ослободен од македонските партизани, а на бугарската војска која претходно била окупатор на Македонија, не ѝ бил дозволен во градот.


Како што раскажува ветеранот Стаматовски, познатиот генерал Михаило Апостолски, командант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, не им дозволил на Бугарите да влезат во ослободеното Скопје и да одржат парада, веројатно знаејќи дека ќе дојде и тој ден кога Софија (за жал, вклучувајќи го и Зоран Заев) ќе се обиде да ја искриви историската вистина.

„Генијалниот генерал Михаило Апостолски не дозволи преобразената бугарска војска да влезе во градот. Да дозволеше, можеме да замислиме како тоа денес ќе го претставуваше Софија“, порача ветеранот Стаматовски на 13-ти ноември оваа година.


„Ние добро знаеме против кого војувавме, колку жртви дадовме, колку беа храбри партизаните. Се бореа за секоја улица, институција, зграда. Сакам да потсетам и на генералот Михаило Апостолски и на неговата визија да не се дозволи влез во Скопје на тукушто преобразената бугарска армија. Можеме да си замислиме како ќе се користеше тоа доколку им беше дозволено на Бугарите. Апостолски ја покажа генијалноста многу пати за време на антифашистичката борба“, порача Стаматовски.

Во мемоарите на борците од НОВ, како што е Јордан Цеков-Дане, детално е опишан овој историски факт, а за тоа зборува и самиот генерал Михаило Апостолски кој покрај својата импресивна воена кариера, беше и директор на Институтот за национална историја и претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).


Во неговите записи стои дека пред да биде ослободено Скопје, од бугарската преобразена војска му испратиле писмо со барање за одржување на парада во македонскиот главен град. Но, Апостолски веднаш распоредил борци на влезовите од Скопје и забранил во градот да биде одржана парада од довчерашните окупатори од земјата која била во сојуз со Тројниот пакт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг