Јирген Клоп уште еднаш го искажа својот бес и испрати циничен коментар: Ова е криминал, ви честитам

Дерби

26/11/2020

10:54

1.682

Големина на фонт

а а а

Тимот на Ливерпул во текот на вчерашниот ден претрпе неочекуван пораз од Аталанта на домашен терен со 2:0 што беше првиот пораз на избраниците на Јирген Клоп на „Енфилд“ уште по септември, 2018 година.

По средбата, Клоп се осврна и на распоредот во Премиер лигата според кој сега Ливерпул треба да игра во сабота во првиот термин од 13:30 часот.

Ливерпул ќе гостува кај незгодниот Брајтон во сабота, а Клоп со циничен коментар се обрати до луѓето од „БиТи Спорт“ кои се одговорни за вакквиот распоред.

– Вие од „БиТи Спорт“ сте мои специјални пријатели и вие побаравте да играме во сабота во 13:30 часот што е криминал, ако бидеме искрени. Тоа нема никаква врска со вечерашниот натпревар, но ви честитам што го реализиравте.

– Во моментов мој единствен интерес е тоа што палците ми се исправени и што немам ниту еден повреден играч, па би требало да се подготвиме веднаш за таа средба, - изјави Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг