Љубица Спасовска од историската комисија се огради од изјавите на Зоран Заев

Точка

25/11/2020

19:39

4.973

Големина на фонт

а а а

Членот на историската комисија на Македонија и Бугарија, Љубица Спасовска, ги осуди изјавите на Зоран Заев, кои премиерот ги даде на интервјуто на "BGNES".

Спасовска на својот профил на Фејсбук напиша: 

"Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на Премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза. Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општо прифатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947".

Љубица Спасовска инаку е доцент на Универзитетот во Ексетер во Велика Британија.


Потсетуваме, Зоран Заев во интервјуто за "BGNES" рече дека „Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг