Јувентус со крупна промена во тимот кој истрча против Ференцварош: Клубот од Торино 123 години не играл со ваков тим

Дерби

25/11/2020

16:25

1.625

Големина на фонт

а а а

Екипата на Јувентус потешко од очекувањата стигна до победа (2:1) против тимот на Ференцварош и со тоа дефинитивно си обезбеди место во нокаут фазата во Лигата на шампионите.

Избраниците на Андреа Пирло со гол во 92. минута го чекираа билетот за осминафиналето во натпревар во кој видовме еден доста редок момент поврзан со составот на Јувентус.

Имено, Пирло имаше огромни проблеми во одбраната, па мораше буквално да го „крпи“ составот и да склопи одбрана која не е видена цели 123 години во Торино.

Имено, за прв пат по 4371 натпревар или цели 120 години во одбраната на Јувентус не се најде еден италијански фудбалер.

Ова е навистина уникатно остварување на италијанскиот клуб кој долго време се потпирал на домашните играчи кога во прашање е одбраната на тимот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг