Османи и Филипче ги информираа амбасадорите за состојбата со коронавирусот во земјата

Макфакс

25/11/2020

15:28

574

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, организираше заеднички видео-брифинг со Министерот за здравство Венко Филипче со претставниците на сите дипломатско-конзуларни претставништва и мисииакредитирани во Скопје.

Целта на брифингот беше да се информираат Амбасадорите за здравствено-епидемиолошката состојба во државата, но истовремено и за различните сетови на мерки кои ги презема Владата за справување со пандемијата.

„Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со владите од сите земји и со нивните акредитирани претставници во земјата и остануваме на располагање како главен столб со цел навремени и точно информирање за состојбата во земјата во контекст на Ковид-19“, истакна Османи.

„Особено сме благодарни до земјите и демонстирањето на заедништвото како чин на солидарност имеѓудржавната соработка бидејќи пандемијата не научи дека во ова време ни е потребна многу повеќе интеграција отколку изолација и само преку координирана акција ќе излеземе многу посилини и отпорни на оваа глобална закана“, нагласи Османи.

Министерот за здравство Филипче ги информираше Амбасадорите подетално за последните случувања во однос на справувањето со КОВИД-19, мерките преземени од страна на Владата за здравствена заштита на граѓаните како и понатамошните планови за справување со предизвиците предизвикани од пандемијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг