Бајден ѝ се обраќа на јавноста во пресрет на Денот на благодарноста

Макфакс

25/11/2020

14:44

831

Големина на фонт

а а а

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, денес ќе ѝ се обрати на јавноста по повод пандемијата на коронавирус и празниците.

Говорот ќе го одржи пред утрешниот американски празник Денот на благодарноста, што е време кога милиони Американци обично се собираат со семејството и кога многумина патуваат за да бидат заедно со семејството.

Но, оваа година, поради Ковид-19, федералната влада ги повика луѓето да останат дома, пренесува „Гласот на Америка“.

Транзиционата канцеларија на Бајден соопшти дека тој ќе зборува за заедничките жртви што ги прават Американците за време на овие празници и ќе порача: „Можеме и заедно ќе ја поминеме сегашната криза“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг