Рохани: Се надевам дека Бајден ќе ја врати наназад политиката на САД

Макфакс

25/11/2020

14:20

616

Големина на фонт

а а а

Иранскиот претседател Хасан Рохани ја повтори надежта дека Џо Бајден ќе ја врати политиката на САД кон Иран на онаа точка на којашто ја остави како потпретседател.

Бајден беше потпретседател за време на двата мандата на Барак Обама.

Доколку Иран и САД можат да најдат начин да се вратат на состојбата од 20 јануари 2017 година, денот на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, тоа би било одлично решение за многу прашања и проблеми, пренесува АП.

За време на мандатот на Доналд Трамп, тензиите меѓу САД и Иран ескалираа, што ги донесе двете страни на работ на војната на почетокот на годината. Во меѓувреме, Вашингтон се повлече од нуклеарниот договор со Техеран.

Рохани го повика Бајден експлицитно да ја осуди кампањата на максимален притисок на Трамп и да компензира за погрешните политики што се водеа во последните четири години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг