Скандалите во битолската болница не завршуваат: Поставиле чадор во тоалетот за да не им течат фекалии

Точка

25/11/2020

10:53

3.734

Големина на фонт

а а а

Вчера со брзина на светлината се прошири информацијата од битлската болница во кој во иста просторија двајца пациенти примаат инфузија, додека до нив лежат две мртви тела.

Не пропуштајте:Морбидни фотографии од битолската болница: На два кревети примаат инфузија, а до нив лежат мртви тела

Веднаш потоа се појави видео кое го опишува целиот хаос во болницата, пренесува „ТВ 21“.

Posted by Tanas Dimitrievski on Tuesday, November 24, 2020

Имено, во тоалетот на блницата со чадор се спречува да не течат фекалии врз пациентите кои го користат, а истиот е поставен во близина на таванот.

Пациентот кој го снимил видеото вели дека се работи за дел од болницата кадешто болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност.

Тој додава дека во едниот тоалет пациентите сами поставиле нова светилка за да може да имаат светло.




Спонзорирани линкови

Маркетинг