„Мурињо им го испра мозокот на играчите на Тотенхем“

Макфакс

24/11/2020

18:34

2.669

Големина на фонт

а а а

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Тим Шервид верува дека Жозе Мурињо „им го испра мозокот на играчите на Тотенхем“ и дека тоа е причината поради која „Спарси“ имаат шанси да ја освојат титулата во Премиерлигата.

„Пронајде начин како да игра добро со играчите што ги има на располагање. Многу добро купуваше во преодниот рок, Серхио Регуилон е добро засилување како лев бек, но најдобриот трансфер беше играчот од средниот ред, Пјер-Емили Хојбјерг. Совршено одговара на стилот на Мурињо и ги штити двата стопера. Жозе на целата екипа и го испра мозокот и тие сега веруваат дека со напорна работа можат до титулата. А зошто не би му верувале на Жозе? Освои 20 големи трофеи во кариерата, откако е дојден – победува, па сега сите веруваат дека можат да ја освојата Премиерлигата“ рече Шервуд.

По 9 кола, Тотенхем е лидер со 20 бода од можни 27. Исто толку бодови има и Ливерпул, ама „црвените“ имаат повеќе примени голови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг