Преубавата актерка од серијата „The Walking Dead“ воодушевува во друга уникатна серија каде има мисија да го спаси светот

Точка

24/11/2020

19:07

1.510

Големина на фонт

а а а

Талентираната Лорен Коен толкувала улоги во многу познати серии, а некои од нив сигурно сте ги гледале: „The Walking Dead“, „Supernatural“, „Chuck“...

Овојпат ќе имаме можност да ги гледаме нејзините актерски способности во серијата „Whiskey Cavalier“.

Инаку, оваа актерка е родена во Филаделфија, а своето детство го поминала во Њу Џерси за на 13 години да се пресели во Обединетото Кралство. Таму дипломирала на Универзитетот Винчестер каде што студирала драма и англиска книжевност.


Во текот на своите студии таа соработувала со многу театарски куќи, а една од нив била и No Man's Land со која што одела на гостување.

Оваа беспрекорна актерка може да ја гледаме во серијата „Whiskey Cavalier“ во која што ја толкува улогата на ЦСИ оперативка Франческа.

Нејзиниот тим ќе мора да најде начин заедно да го спаси светот, а има и испреплетени романтични, пријателски и политички приказни.

Погледнете го трејлерот:




Спонзорирани линкови

Маркетинг