Пирло појасни како се однесува кон Роналдо: Сè уште не сум го предзивикал да се натпреваруваме во слободни!

Дерби

24/11/2020

13:27

1.880

Големина на фонт

а а а

Јувентус вечерва го пречекува Ференцварош во Лигата на шампионите во кој италијанскиот прва е апсолутен фаворит за освојување на трите бода, средба за која Андреа Пирло на прес-конференцијата најави дека може да игра со Роналдо, Мората и Дибала во нападот.

Тренерот на Јуве очигледно е подготовен повторно да му даде шанса на Аргентинецот во стартната постава, откако во последно време се најде на удар од критичарите, а не му помогна ниту тоа што имаше зачестени проблеми со повреди.

Пирло на пресот нагласи дека секој играч во првиот тим добива идентичен третман од него, потенцирајќи дека тоа важи и за најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо.

– Искрено, се уште не сум го предизвикал Роналдо на изведување слободни удари. Роналдо добива третман од мене како и сите други играчи. Секогаш им стојам на располагање на моите играчи, на теренот, но и надвор од него.

– Лесно е да се има добра соработка со разбирливи луѓе. Со таков голем шампион се однесувам исто како со Фработа и Портанова, нашите најмлади играчи во тимот. Ги правам истите работи со играчите како во времето кога бев играч, – порача Пирло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг